Нов распоред за енергетскиот трансфер во недела
Објавено на 3-април-2022

 

Почитувани практиканти:

 
Согласно промените во сметање на времето, од 3ти април 2022 енергетските трансфери во недела ќе се одржуваат во: 07:00 наутро (за семинари во Азија), 13:00 попладне (за семинари во Европа) и  00:00 на полноќ (за семинари во Америка). 
 
За да се поврзете на трансферот, секоја недела, во сите или некој од горе наведените термини можете да примените некоја од техниките на вашето ниво (на пример медитација или енергетски трансфери), во времетраење од 10 до 30 минути.
 
Кога присуствувате на семинар за Универзална енергија, вашата енергија се обновува и зајакнува, без разлика дали прв пат завршувате одредено ниво или пак го повторувате истото. Но, исто така ако сте практикант на Основно или повисоко ниво во  УЕ методот, можете се поврзете на енергетскиот трансфер дури и кога нема семинар во Македонија, бидејќи се одржуваат УЕ семинари во многу земји од светот, каде во денот недела се прима енергетски трансфер.
 
Сепак, имајте во предвид дека за вистинска обнова на енергијата најдобро е да присуствувате повторно на семинар на кој се предава ниво еднакво или пониско од вашето (повторувањето на семинар за исто ниво е бесплатно).
 
Да потсетиме, постојат неколку начини за да ја одржувате и зајакнувате вашата енергија:
  1. Најважниот начин е да ги применувате редовно (секојдневно) техниките од вашето ниво.
  2. Да присуствувате повторно на семинар за вашето ниво, или пониско ниво (повторувањето е бесплатно).
  3. Да се поврзете на неделниот енергетски трансфер, во некој од трите периоди, како што беше објаснето погоре.

Дополнително, можете да присуствувате на состаноците кои се одржуваат во одредени најавени термини, каде практикантите разменуваат искуства од примената на методот и медитираат заедно во исто време. Тоа помага во одржување на рутина во примената, како и зајакната концентрација за време на медитацијата.