Начела на УЕ методот
Главни начела за користење на методот за Универзална енергија

 

Начела на УЕ методот

Главните начела кои треба да бидат користени од сите центри и студенти на Универзална енергија во светот, одобрени од Мастер Луонг Мин Данг, се:

 

Дефиниција: Ова е метод на употреба на Универзална Енергија за лекување и превентива со цел да се унапреди здравјето.
 
Семинари: Семинарите се креирани за да го направат ова средство достапно за луѓето кои се заинтресирани. Ние ја даваме само главната насока, а пактикантите се оние кои ја oдредуваат ефективноста на ова учење преку нивната лична примена. 

 

Има неколку основни принципи кои треба да ги знаат студентите кои ги посетуваат семинарите за УЕ методот:

 

  1. Ние не препорачуваме било каква форма на хемиска супстанца или лек и не препорачуваме било каква диетална програма.
  2. Ние работиме со заедништво со модерните медицински стандарди и не даваме совети за прашања поврзани со медицински теми, како на пр. продолжување со хемотерапија, прифаќање на операција, итн. Им препорачуваме на луѓето кои бараат помош од нас за тие прашања да се консултираат со нивниот доктор.
  3. Можеме да ја користиме оваа метода за помош на други луѓе, на нивно барање. Ако има барање и не сме слободни, можеме да одбиеме или да почекаме додека се ослободиме. Тоа не е обврска, секој може да го научи овој метод лесно за да се грижи за сопственото здравје и ако не сака да помага на други сепак може ефикасно да трансферира енергија.
  4. Овој метод не е религија, туку е алтернативен начин за да се помогне на човештвото да може да открие поинаков аспект на скриените понецијали на човечкиот ум и тело. Преку учење и пракса, можеме да го развиеме нашето знаење за да имаме подобар поглед на животот од спиритуална и физичка перспектива.
  5. Ние го нудиме овој метод на сите луѓе без дискриминација во оснос на боја, раса, релугија, пол, политичко убедување или личен хендикеп. Секој може да го учи методот за Лечење со Универзална Енергија, под услов да има најмалку 14 години (со одобрение од родители).
  6. Можеме да трансферираме енергија на секој што ќе побара и услугата е целосно бесплатна. Не поставуваме никакви барања кога луѓето ќе ни побараат да им трансферираме енергија за да ги третираме.