Овој метод започнува со изучување на Основното ниво. За да се запишете на повисоко ниво, мора да имате диплома од завршено претходно ниво. Подолу е постапката за упис на Основно и повисоко ниво:
Прегледајте го распоредот на курсеви на оваа страна.
Доколку пронајдете датум кој ви одговара за нивото кое сакате да го завршите, пратете email на info@melmacedonia.com со податоци: а) ниво кое сакате да завршите, б) датум кога е закажано тоа ниво и в) ваше име и презиме.
Доколку во распоредот нема закажан семинар за нивото кое сакате да го завршите, тогаш пратете email на info@melmacedonia.com со податоци: а) ниво за кое имате желба да го завршите, б) кој месец ви одговара да се одржи нивото и в) ваше име и презиме.