Правни аспекти
 

 

Правни аспекти

Организацијата МЕЛ Македонија е основана за да понуди автентична програма за едукација за Методот за Човечка и универзална енергија, исто така познат како метод на Универзална енергија (УЕ метод), како и на филозофијата за Човештво Просветување Љубов (Mankind Enlightenment Love - MEL).

 

Програмата ја нудат официјално признати инструктори во име на организацијата МЕЛ Македонија. Инструкторите ја нудат автентичната програма за едукација на УЕ методот, како независни инструктори со личен регистарски број.

 

Тие ја користат оваа веб-страница за да ги објават курсеви за УЕ методот кои ќе ги предаваат. Инструкторите се единствени одговорни за предметот што се предава на курсевите.
 
Методот што се предава на курсевите не е замена за совет од медицински професионалец. Не треба да се толкува како обид да се обезбеди или да замени медицински совет, дијагноза или третман или на друг начин да се вклучи во практиката на медицината. Нема други финансиски обврски освен трошоците за курсот.

 

За учество на семинарите кои вообичаено траат од 2-3 дена, се плаќа надомест за учество со што практикантот добива брошура и сертификат. Минималната возраст за учество е 14 години. Потребна е согласност од родител за малолетници. Повторното преслушување на курс за исто ниво е бесплатно. Практикантот нема дополнителни трошоци кон инструкторите или организацијата како членарини и слично.

 

Содржината на оваа веб-страница може да се ревидира и прилагоди без претходно известување.
 
Сопственост на содржината
Веб-страницата е во сопственост и одржувана од МЕЛ Македонија. Освен ако не е експлицитно дозволено според договор со МЕЛ Македонија, ниту еден дел или елемент на оваа веб-страница или нивната содржина не смее да се копира или пренесува, освен ако не е изречно договорено поинаку.
 
Како можете да не контактирате
Ако имате какви било прашања или коментари во врска со веб-страницата или некој од нашите услуги, ве молиме контактирајте не на info@melmacedonia.com, или пишете побарајте не на 070 22 77 25.